Mehmet Özay
28 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
ЏАКАРТА (АА) – На северозападот на Кина, во автономната зона Нингшиа Хуи, во рудникот за јаглен, каде што настана експлозија бројот на жртви достигна до 19, јавува Anadolu Agency AA.
Органите утврдија незаконско работење и дека до експлозијата дошло од компресија на гасови, при што животот го загубија 19 работници, а по еден се трага.
За време на експлозијата на работно место во рудникот се наоѓаа 20 работници. Сопственикот на рудникот беше приведен по настанот.
Во последно време во Кина, како резултат на преземаните контроли и воведените казни, бројот на жртви во вакви несреќи е намален. Додека во 2003 година бројот на жртви при вакви несреќи беше 7 илјади, во 2014 овој број беше намален на 931.