свет

Хеликоптер што доставуваше помош се урна на Филипини зафатени од тајфунот Калмаеги

Спасувачките операции се во тек за хеликоптерот што се урна во покраината Агусан дел Сур во регионот Минданао, според Командата на Источен Минданао (EastMinCom)

Saadet Gökce  | 04.11.2025 - Обновена : 04.11.2025
Хеликоптер што доставуваше помош се урна на Филипини зафатени од тајфунот Калмаеги

ИСТАНБУЛ (АА) – Хеликоптер, кој доставуваше помош во областите погодени од тајфунот Калмаеги, денес падна во јужниот дел на Филипини, пренесува Анадолу

Досега во тајфунот загинаа најмалку 19 лица.

Спасувачките операции се во тек за хеликоптерот што се урна во покраината Агусан дел Сур во регионот Минданао, според Командата на Источен Минданао (EastMinCom), објави новинската веб-страница „Раплер“.

Канцеларијата за цивилна одбрана во Централен Висајас, административен регион на Филипини, соопшти дека 19 лица загинале во давење во надојдените води и при удар од паднато дрво, според мрежата ГМА.

Седум лица се водат за исчезнати.

Од неделата илјадници лица се евакуирани од областите што се очекува да бидат зафатени од тајфунот.

Тајфунот Калмаеги, локално познат како Тино, моментно зафаќа делови од централниот остров Висајас и северниот остров Лузон. Се очекува Тино да излезе од филипинската зона утревечер или рано во четврток.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın