Emel Öz Gözellik
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Торпскиот тајфун Тембин предизвика поплави и лизгање на земјишта во кои досега животот го загубија околу 200 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во веста што ја објави новинската агенција Синхуа претставници на управата за раководење со катастрофи соопштиле дека досега тајфунот предизвикал смрт на 200 лица, од кои 153 лица на островото Минданао, додека 47 на Замбоанга. Се додава дека тајфунот напредува кон Виетнам.
Претставници на полицијата објавија дека 72 лица се водат за исчезнати.
Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш им изрази сочувство на семејствата на починатите, додавајќи дека ОН се подготвени да помогнат.
Минатата недела оваа земја ја зафати бурата Урдуџа која предизвика поплави и лизгање на земјишта во кои животот го загубија повеќе од 40 лица и предизвика матееријална штета во висина од 20 милиони долари.
Филипините секоја година ги зафаќаат околу 20 тајфуни и бури кои потекнуваат од Пацификот.