Ekipa
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
ЗАМБОАНГА (AA) - Терористичката организација „Dawlah Islamiyah“, филипински огранок на ДЕАШ, објави соопштение во кое им се заканува на муслиманските лидери на Филипините дека ќе бидат цел на смртоносните напади ако ја подржат филипинската влада во анитерористичките операции, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во автономниот муслимански регион Минданао (ARMM) се одржува регионален самит за борба против тероризмот, а секретарот на регионот Лаиса Аламија Масухуд утринава изјави дека непосредно пред почетокот на самитот на лидерите од регионот пристигнале заканувачки пораки од терористите.
„Сите луѓе кои имаат некој на власт, да ги предупредат своите родители, браќа и деца да не учествуваат на непријателскиот самит, бидејќи на патот или по самитот може да им се случи нешто страшно, а на крајот да не кажете дека не бевте предупредени“, се вели во предупредувачкото соопштение на терористите.
Терористите на ДЕАШ го обвинија гувернерот на Минданао, Муџива Хатаман дека го користи муслиманскиот естаблишмент за сопствени интереси.
Хатаман неодамна изјави дека тероризмот е најголемиот проблем на економскиот развој во јужниот дел на Филипините и дека борбата против терористите може да успее само со соработка на сите релевантни фактори.
Секретарот за внатрешни работи во регионот манданао, Нор Абдула денес изјави дека муслиманските лидери на Филипините немаат причина за одредена загриженост, но дека тероризмот е закана што мора да се отстрани.