Ekipa
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
РИЈАД (АА) - Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, денес започна самитот на Советот за соработка на земјите од Персискиот Залив (GCC), јавува Anadolu Agency (AA).
Самитот започна еден ден откако претседателот на САД, Доналд Трамп, допатува во официјална посета на Саудиска Арабија, која е негова прва посета во странство од преземањето на функцијата.
Со Самитот претседава саудискиот принц Мухамед бин Најеф, а на него присуствуваат и лидерите на Катар, Кувајт, Бахреин, принцот на Абу Даби и заменик-премиерот на Оман.
Лидерите на земјите од Персискиот Залив и исламските лидери ќе разговараат и со американскиот претседател, со цел да ја зајакнат соработката во борбата против тероризмот.
Американскиот Стејт департмент потврди дека на првиот ден од посетата на Доналд Трамп на Саудиска Арабија договорена е продажба на американско оружје во вредност од речиси 110 милијарди долари, на кралството Саудиска Арабија.
Трамп и саудискиот крал Селман бин Абдулазиз вчера потпишаа низа други договори и меморандуми за соработка меѓу двете земји, а нивната вредност се проценува на околу 280 милијарди долари.