Recep Şakar
22 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
МЕЛБРУН (АА) - При судир на трамвај и камион кој се случи во австралискиот град Мелбрун, повредени се 29 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила во осум часот по локално време и тоа во близина на зоолошката градина во Мелбурн.
Трамвајот од јачината на ударот излетал од шините, а причинета е значајна материјална штета на камионот.
Дел од повредените лица се хоспитализирани, а на неколкумина на местото на несреќата им е укажана лекарска помош.
По несреќата, подрачјето е затворено за сообраќај, а истрагата е во тек.