Islam Uddin
19 Јуни 2024•Ажурирај: 26 Јуни 2024
АНКАРА (АА) - Филипинската потпретседателка Сара Дутерте поднесе оставка од Кабинетот на претседателот Фердинанд Маркос Џуниор, соопшти денес официјален претставник, пренесува Анадолу.
„Потпретседателката Сара З. Дутерте, отиде во Малакананг и поднесе оставка како член на Кабинетот, секретар на Одделот за образование и потпретседател на НТФ-ЕЛКАК, од 19 јули 2024 година“, соопшти Кабинетот на претседателот преку платформата X.
Сепак, таа ќе продолжи да ја извршува функцијата потпретседател на земјата.
Секретарот на претседателскиот Кабинет за комуникации, Челој Гарафил, не сподели дополнителни информации за причините поради кои таа се повлекува од Кабинетот.