Ekipa
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
БРИСЕЛ (АА) - Белгиската министерка за транспорт, Жаклин Галант, поднесе оставка откако излезе тајниот извештај на ЕУ во кој детално се опишани пропусти во безбедносниот надзор на аеродромот Завентем во Брисел, каде на 22 март е изведен терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Чарлс Мишел во петок по разговорот со министерката за транспорт ја потврди нејзината оставка.
"Министерката ја поднесе својата оставка на кралот и тој ја прифати", изјави Мишел.
Две белгиски опозициски партии објавија доверливи документи на ЕУ од минатата година. Во извештајот се наведува дека надзорот врз мерките на безбeдност на аеродромите во Белгија е дефицитарен. Во извештајот се наведени и сериозни недостатоци во начинот на кој се управувало со безбедносните проверки.
Документот е откриен, откако на 22 март на терористичките напади на аеродромот и метрото во Брисел страдаа 32 лица, вклучувајќи ги 16-те лица на аеродромот Завентем.
Одговорноста за нападите ја презеде ДАЕШ.