Ekipa
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
КИЕВ (АА) - Премиерот на Украина, Андреј Јацењук, поднесе оставка на функцијата, најавувајќи дека во вторник ќе предаде барање за распуштање на Парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Донесов одлука да дадам оставка на функцијата премиер на Украина. Во вторник, 12-ти април, ќе го поднесам барањето до Парламентот”, напиша Јацењук на својот Твитер профил.
Тој наведе дека дестабилизацијата на Украина е неизбежна доколку не дојде до формирање на нова влада.
Украинскиот претседател, Петро Порошенко, во февруари побара оставка од премиерот. Кабинетот на Јацењук преживеа гласање за недоверба. Меѓутоа, две партии ја напуштија владеачката коалиција, лишувајќи го нејзиното мнозинство во украинскиот парламент.