Ekip
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
МАНИЛА (АА) - Претседателот на Филипините Родриго Дутерте предупреди дека може да биде 50 пати побрутален од терористите во земјата, истакнувајќи дека дури и жив би ги изел кога би ги заробил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дутерте претходно им се закануваше со смртни казни на дилерите на дрога, но неговата денешни изјави достигнаа ново ниво кога за време на церемонијата на отворањето на спортски турнир зборуваше за тоа што тој ќе им направи на терористите кои ги вршат нападите на Филипините.
Дутерте за време на посетата на централната провинција Бохол, каде што неодамна беше спречен напад, изјави дека и наредил на морнарицата да ги бомбардираат екстремистите кои доаѓаат со бродови во потрага по луѓе кои ќе го киднапираат. Тој во таа прилика екстремистите ги нарече животни.
„Ако сакате да бидам животно, јас сум исто така навикнат на тоа. Исти сме", рече Дутерте додавајќи дека од терористите може да биде 50 пати повеќе брутален.
На Филипините уште од 1991 година делува милитантната група Абу Сајаф. Станува збор за радикалната група, која ја предводи борбата за независност на муслиманската провинција на Филипините, и досега има извршено стотици бомбашки напади, киднапирања и убиства.