Satuk Buğra Kutlugün
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
КУДС (АА) - Тројца турски државјани кои во петокот беа приведени пред џамијата Ал Акса, ослободени се со кауција од страна на израелскиот суд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Двајца турски државјани се обвинети за „напад врз израелска полиција и давање отпор”, додека третиот е обвинет за „нарушување на јавен ред и мир и присуство на забранети демонстрации”.
Доналд Трамп, претседателот на САД, на 6. декември го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, и покрај противењето на на меѓународната јавност.
Одлуката предизвика демонтрации на муслиманите во целиот свет. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и други турски високи претставници официјално ја предводеа меѓнародната јавност која се спротивстави на одлуката на Трамп.
Во четвртокот на Генералното собрание на ОН со големо мнозинство усвоена е резолуцијата против одлуката на Трамп. Резултатот на гласањето беше 128 за и 9 против, а 35 држави беа воздржани.