Ekipa
18 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Националната банка на Палестина (TNB) за првпат од почетокот на израелската окупација во 1967 година отвори своја експозитура во Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
ТНБ отвори филијала во подрачјето Дахијат Ал Барид во Источен Ерусалим. Од 1967 година, кога израелската војска го окупира овој дел на Палестина, на подрачјето на Источен Ерусалим не постоеше ниту една палестинска или арапски банка. Не е познато како ТНБ успеала да добие дозвола за отворање на експозитура, со оглед на тоа што израелските власти Источен Ерусалим не го сметаат за посебен ентитет, туку дел од Западниот Брег.
Еден од челниците на ТНБ, Талал Насередин, опишувајќи го овој потег како пресвртна точка во работењето на арапските банки, напомена дека отворањето на оваа филијала е планирано уште пред две години, но дека е одложено поради правни потешкотии.
Тој истакна дека оваа филијала ќе го олесни животот на Палестинците кои живеат во Источен Ерудалим, бидејќи од сега тие не ќе мораат да ја преминуваат границата секој пат кога имаат потреба да завршат одредена работа во банка. Насередин истакна дека филијалата на ТНБ во Источен Ерусалим ќе допринесе за економскиот и општествен развој.
Освен филијала на ТНБ, во Источен Ерусалим се планира отворање на Банка на Палестина и Банка на Јордан.