свет

„Се надевам на исполнување на нашиот сон за независна држава на Палестинците"

„Без Газа и Источен Ерусалим нема да има избори“, нагласи претседателот на Палестина, Махмуд Абас

Aness Suheil Barghoti  | 11.11.2019 - Обновена : 12.11.2019
„Се надевам на исполнување на нашиот сон за независна држава на Палестинците"

РАМАЛА (АА) - Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, укажа на неопходноста за одржување на парламентарни и претседателски избори, јавува Anadolu Agency (AA).

„Одлучивме првин да се одржат парламентарни, а потоа претседателски избори, како и тоа дека изборите мора да се одржат во Газа и Источен Ерусалим (Кудс), заедно со Западниот Брег“, рече Абас за време на церемонијата за одбележување на 15. годишнина од смртта на поранешниот палестински претседател Јасер Арафат.

„Без Газа и Источен Ерусалим нема да има избори“, нагласи Абас.

„Под сите околности, ние ќе ги одржиме изборите и потоа се надевам на исполнување на нашиот сон за независна држава на Палестинците“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.