Ayhan Şimşek
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
БЕРЛИН (АА) - Германија ќе прифати неколкумина припадници на терроистичката организација ДЕАШ, заедно со нивните сопруги и деца, заробени од страна на турските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на прес-конференцијата во Берлин, заменик-портпаролот на Министерството за надворешни работи, Кристофер Бургер, изјави дека турските власти ги информирале дека оваа недела во Германија ќе депортираат 10 германски државјани.
„Германските власти го потврдија идентитетот на тројца мажи, пет жени и две деца“, изјави тој, но не даде повеќе детали.
Локалните медиуми објавија дека германските власти сметаат дека седуммина од осомничените имале врски со терористичката организација ДЕАШ.
Од почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година, над 1.050 странски борци од Германија отпатувале на боиштата во Сирија и Ирак, пренесуваат германските агенции за безбедност.
Турскиот заменик министер за внатрешни работи, Исмаил Чатакли, денес соопшти дека започнала депортацијата на странските терористи од Турција. Тој истакна дека се завршени процесите на идентификација на странските терористи фатени во Сирија и дека е воспоставен контакт со нивните матични земји.
„Турција досега депортираше 7.500 припадници на ДЕАШ“, изјави минатата недела турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека во турските затвори во моментов има 1.149 терористи на ДЕАШ.