Hamdi Yıldız
11 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
РИЈАД (АА) - Првата јапонска банка во Саудиска Арабија, „Сумитомо Мицуи“, е отворена во саудискиот главен град, Ријад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција на Саудиска Арабија СПА, јапонската банка „Сумитомо Мицуи“ ја отворила својата прва филијала во оваа земја.
Амбасадорот на Јапонија во Ријад, Цукаса Уемура, кој присуствуваше на отворањето на банката, истакна дека банката е меѓу најголемите во светот, со големо искуство во финансиите.
Уемура посака со отворањето на оваа банка да дојдат повеќе јапонски инвеститори во земјата.
Саудиска Арабија направи некои чекори за олеснување во насока на отворање нови странски банки, со цел да привлече нови инвестиции во земјата, откако во 2014 година беше забележан пад во цените на нафтата.
Во Саудиска Арабија се наоѓаат 12 домашни и 13 странски банки.