економија

„Ниту една земја од Европа, освен Турција, не купува нафта од Иран“

„Ниту една земја од Европа, освен Турција, не купува нафта од Иран. Грција и Италија се исклучени од санкциите на САД, но не купуваат нафта од Иран. Кога сакаме да разговараме со нив околу ова прашање, тие не ни враќаат одговор“, рече Занганех.

Mustafa Melih Ahıshalı  | 05.02.2019 - Обновена : 05.02.2019
„Ниту една земја од Европа, освен Турција, не купува нафта од Иран“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за нафта на Иран, Биџан Занганех, истакна дека по санкциите на САД, само Турција меѓу европските земји купува нафта од Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на Новинската агенција на ирански студенти (ISNA), Занганех нагласи дека ниту една европска земја, освен Турција, не купува нафта од неговата земја.

„Ниту една земја од Европа, освен Турција, не купува нафта од Иран. Грција и Италија се исклучени од санкциите на САД, но не купуваат нафта од Иран. Кога сакаме да разговараме со нив околу ова прашање, тие не ни враќаат одговор“, рече тој.

Занганех истакна дека Иран месечно во Ирак извезува природен гас во вредност од 200 милиони долари.

Според него, Ирак моментално на Иран треба да му плати долг од 2 милијарди долари за увоз на природен гас и електрична енергија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın