Во американско-израелските воздушни напади погодена болница во Техеран
- На снимките емитувани на државната телевизија се гледаат скршени прозорци и оштетувања на делови од фасадата на болницата.
АНКАРА (АА) - Во воздушните напади на САД и Израел вчера беше погодена болницата „Ганди“ во северен Техеран, објавија иранските медиуми, пренесува Анадолу.
На снимките емитувани на државната телевизија се гледаат скршени прозорци и оштетувања на делови од фасадата на болницата.
По нападот, околу болницата се воведени засилени безбедносни мерки, а медицинските екипи извршија контрола во зградата.
На снимката се гледа како медицинските сестри евакуираат новороденчиња од болницата и се обидуваат да ги пренесат на друга локација.
Претходно иранската Црвената полумесечина објави фотографии што сугерираат дека нејзиното седиште и неколку болници биле цел на нападите.
Во заедничката операција на САД и Израел, започната во саботата, според извештаите, убиени се неколку високи ирански официјални претставници, меѓу кои и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, американски бази и неколку земји од Заливот.
