економија

„На турската економија не ѝ е потребна поддршка од надвор“

„Очигледно е дека мотивот за започнување на ММФ е одредена операција на дезинформации", се соопштува од Министерството за трезор на Турција.

Tuba Şahin  | 01.02.2019 - Обновена : 03.02.2019
„На турската економија не ѝ е потребна поддршка од надвор“

Ankara

АНКАРА (АА) - Од Министерството за трезор и финансии денес се соопштува дека „на Турција не ѝ е потребна поддршка од надвор“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во писмената изјава турското Министерство за трезор и финансии отфрли разговори со ММФ.

„Очигледно е дека мотивот за започнување на ММФ е одредена операција на дезинформации, што нема никаква конзистентност. Операција започната и покрај поволните стапки на задолженост на Турција, соодносот на долгот и перформансите на финансиската дисциплина“, се вели од Министерството.

Нагласувајќи дека турската економија е солидна, од Министерството се вели дека Турција го продолжува својот стабилизирачки период успешно без потреба од надворешна поддршка.

„Турската економија ќе продолжи благодарение на стратегијата и мерките преземени од Владата“, се додава во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.