свет

Комисијата на американскиот Сенат го поддржа кандидатот на Бајден за амбасадор во Турција

Комисијата гласаше за одобрување на 33 кандидати за Стејт департментот, за Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) и други клучни кандидати за надворешната политика.

Servet Günerigök  | 20.10.2021 - Обновена : 21.10.2021
Комисијата на американскиот Сенат го поддржа кандидатот на Бајден за амбасадор во Турција

ВАШИНГТОН (АА) - Комисијата за надворешни работи на Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) ја одобри номинацијата на поранешниот сенатор Џеф Флејк за американски амбасадор во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Комисијата гласаше за одобрување на 33 кандидати за Стејт департментот, за Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) и други клучни кандидати за надворешната политика.

Меѓу кандидатите за амбасадори што ги избра претседателот Џо Бајден се и Томас Најдс за Израел, Дејвид Коен за Канада, Клер Кронин за Ирска и Стивен Бонди за Бахреин.

„Предложените кандидати се префрлаат во Сенатот на разгледување од целиот Сенат“, се вели во соопштението на Комитетот.

Предложен кон средината на јули, Флејк беше клучен републикански сојузник за Бајден за време на минатогодишната трка во Белата куќа, кој го поддржа тогашниот кандидат од Демократската партија, откако се етаблира како републиканец кој долго беше во судир со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Флејк беше на функција и во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом и во Комисијата за надворешни работи на Сенатот за време на неговата работа во Конгресот, која траеше речиси две децении.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.