Esin Eşkinat Sayılgan
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) спроведено е истражување кое покажа дека вакцината против новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на Фајзер“/„БајоНТех“ е 93 отсто ефикасна кај лицата на возраст од 12 до 18 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центрите за контрола и превенција на болести во САД (CDC) објавија дека според новата студија, вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“ е 93 отсто ефикасна во спречувањето на хоспитализација на лицата на возраст од 12 до 18 години.
Во истражувањето спроведено во 19 детски болници во кои се испитувани пациенти заразени со Ковид-19 во периодот од јуни до септември, ЦДЦ дојде до констатација дека од 179 пациенти, само 3 отсто биле вакцинирани, додека 97 отсо биле невакцинирани. Меѓу нив, невакцинирани биле 29 интубирани пациенти и 2 пациента кои починале.
ЦДЦ нагласи дека ова истражување, објавено во времето кога САД се подготвуваа за вакцинација против Ковид-19 на деца на возраст од 5 до 11 години, покажува дека вакцинацијата на младата популација ќе го забави ширењето на вирусот во земјата и иако ретко се среќава, ќе ги штити децата од оваа тешка болест.
Институцијата соопшти дека резултатот од истражувањето е најцврст доказ објавен досега за влијанието на вакцините против Ковид-19 врз младите луѓе.
Според податоците на ЦДЦ, во земјата се вакцинирани 46 отсто од младите на возраст од 12 до 15 години и 54 отсто од оние на возраст од 16 до 17 години.