Zehra Ulucak
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
ЏУБА (АА) - Од неисправни вакцини против мали сипаници, во Јужен Судан починаа 15 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Oд Министерството за здравство на Јужен Судан истакнаа дека се вакцинирани и деца од 12 години. Сепак, сите деца кои починале се на возраст под пет години.
Од ова министерство велат дека смртта е предизвикана од човечка грешка, а од Обединетите нации (ОН) веруваат дека децата починале поради тешко труење на крвта предизвикано од неисправни вакцини.
По смртта на овие деца, од министерството изјавија дека за време на кампањата за вакцинација се користеле исти игли и дека процесот не се спроведувал на правилен начин.
Во текот на кампањата треба да бидат вакцинирани повеќе од два милиони деца.