Alma Çekovic
20 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
ЏУБА (АА) - Во пожар што изби денес во бегалскиот камп Махад во Џуба, главниот град на Јужен Судан, уништени се околу 600 објекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот избувна во ноќните часови во кампот, во којшто се сместени илјадници внатрешно раселени Суданци.
Кампот се состоеше од импровизирани дрвени бараки, а стотици семејства останаа без покрив над главата.
Пожарот предизвика голема материјална штета и со тоа дополнително ја отежна состојбата на големиот број судански бегалци.
Сè уште нема информации за евентуални жртви, како ниту за причините за пожарот.