?????
04 Ноември 2015•Ажурирај: 06 Ноември 2015
Најмалку 23 лица загинаа при пад на теретен авион од руско производство во близина на аеродромот во главниот град Џуба, известува Агенција Анадолу (АА) .
Според првичните податоци меѓу загинатите има и деца. Локалните медиуми објавија дека остатоците на авионот се наоѓаат расфрлани на источната страна на реката Нил.
Портпаролот на претседателот Век Ateny Ateny изјави дека рускиот авион паднал на околу 800 метри од аеродромот. Крајната дестинација на авионот требало да биде град Paloicha која се наоѓа во горниот тек на реката Нил.
На местото на несреќата се спасувачки екипи , а бројот на жртвите и за причините за несреќата допрва ќе се утврдува.