Recep Canik
06 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
ЏУБА (АА) - Агот Мел, заменик-гувернер на административната територијална единица Гогријал соопшти дека во северниот дел од земјата настанал судир меѓу племињата Апук и Агуок, припадници на Динка, најголемата етничка заедница во Јужен Судан. Заменик-гувернерот изјави дека во судирот загинале најмалку 38 лица, а 35 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Мел соопшти дека судирот настанал поради недоразбирања околу меѓите на имотите и изворите на вода. „Двете групи тврдат дека сакаат да се одмаздат едни на други“, додаде тој.
Освен тоа, заменик-гувернерот изјави дека по настанатите судири и масакри, зголемена е нестабилноста на земјата, и дека цивилите носат оружје со себе.
Јужен Судан се одвои од Судан во 2011 година и официјално прогласи независност. На 16 декември 2013 година, претседателот на Јужен Судан, Салва Кир Мајардит, го разреши од должност својот заменик Риек Мачар, под образложение дека се обидел да изведе пуч. Овој настан беше причина земјата да западне во граѓанска војна во која животот го загубија околу 50.000 лица, а милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.
Под надзор на Меѓувладиниот орган за развој (ИГАД) беа водени мировни преговори коишто завршија на 17 август 2015 година, кога беше постигнат договор меѓу двете страни. Со согласност со постигнатиот договор, на 28 април започна со работа формираната преодна влада.
Судирите во главниот град Џуба, меѓу безбедносните сили приврзани на Мајардит и поддржувачите на Мачар, одново започнаа на 8 јули 2016 година.