Ali Cura
10 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
КИЕВ (АА) - Најмалку тројца војници загинаа, а 16 се ранети за време на операцијата на украинската војска во последните 24 часа во кризниот источен дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на украинската Војска, Андреј Лисенко, изјави дека проруските сепаратисти и понатаму го кршат примирјето, и дека украинските сили ги продолжуваат операциите во регионот Донбас.
„Најмалку тројца војници загинаа, а 16 се повредени во операциите во текот на изминатите 24 часа”, рече Лисенко и додаде дека војниците загинале во напад на проруските сепаратисти во Донецк и Лугањск.
Иако уште во февруари минатата година беше потпишан мировниот договор во Минск, источниот дел на Украина и понатаму е место на чести судири и кревко примирје. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово кршење.
Иван Симоновиќ, помошникот-генерален секретар на Обединетите нации (ОН) за човекови права, неодамна предупреди дека „кризата е далеку од својот крај и дека не би требало да се изгуби од радарот на меѓународната заедница”.