Berkan Ünlü,Büşra Selvi Öğütcen
10 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
МАДРИД (АА) - Американскиот претседател Барак Обама во рамките на еднодневната посета на Шпанија, во Мадрид се сретна со шпанскиот крал Фелипе VI, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама во Шпанија дојде по завршувањето на дводневниот самит на НАТО, кој заврши вчера во Варшава, Полска.
Претседателот на САД, на церемонијата организирана пред замокот, рече дека како земја преживеаа „тешка недела” и дека му е жал што мора да ја скрати својата посета.
Обама потсети дека ова не му е прва посета на Шпанија.
„Треба да кажам дека мојата прва посета на Мадрид беше многу одамна. Дојдов како студент со ранец на грбот. Искрено, тогаш не ни можев да замислам дека денес ќе ме прими шпанскиот крал. Тоа што сум овде е најголемата потврда за сојузот меѓу двете земји”, рече Обама.
Американскиот претседател се заблагодари за приемот и додаде дека ќе им биде чест ако ја имаат можноста да бидат домаќини на шпанскиот крал.
Обама се состана и со премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, а треба да ја посети и воената база Рота во Кадиз.
Американскиот претседател Барак Обама следната недела треба да го посети Далас, градот каде што беше извршен нападот врз припадниците на безбедносните сили. Во нападот загинаа пет полицајци.