Ekipa
06 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
ВЕЛИНГТОН (АА) - Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, денес соопшти дека претседателот Доналд Трамп побарал од него да ги обнови односите со Русија и да не дозволи пречка за тоа да бидат политичките превирања, поради на неговите наводни врски со Москва за време на изборната кампања, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тилерсон рече дека односите со Русија се на мошне ниско ниво и се влошуваат, поради што Трамп побарал да се обиде да ја стабилизира состојбата и да ја обнови меѓусебната доверба.
Шефот на дипломатијата на САД ова го изјави за време на посетата на Велингтон, Нов Зеланд, каде што се состана со тамошниот премиер Бил Инглиш.
Тилерсон истакна дека тој не може да ги коментира деталите од истрагата за вмешаноста на Русија во американските избори, и рече дека за тоа нема непосредни сознанија.
Како што соопшти, американскиот претседател му рекол дека превирањата поради Русија не треба да го спречат во работата за подобрување на односите.
„Беше сосема јасен кога побара да работам на односите со кое било темпо и во областите за кои мислиме дека можеме да направиме чекор напред. Јас навистина не сум вклучен во кои било други прашања“, рече Тилерсон.