Riyaz Khaliq Khaliq,Bech Takpiny
29 Јануари 2025•Ажурирај: 29 Јануари 2025
ЏУБА/ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати во денешната авионска несреќа во Јужен Судан се искачи на 20, јавија официјални претставници и рекоа дека меѓу загинатите има индиски и кинески државјани, јавува Анадолу.
„Дваесет се потврдени за мртви и има едно преживеано лице што е во критична состојба и примено е во болница во државата Јунити“, изјави за Анадолу Гатвех Бипал, министер за информации и комуникации на државата.
Тој истакна дека во авионот имало 21 лице, меѓу кои и членови на екипажот.
Министерот го посети местото на несреќата на нафтено поле во Јунити, која се случи веднаш по полетувањето.
Авионот летал од државата Јунити до главниот град Џуба. Пилотот и копилотот се меѓу загинатите.
Според информациите до кој дојде Анадолу, патниците биле вработени во нафтената компанија „Greater Pioneer Operating Company Ltd.“