Diyar Güldoğan
20 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
МОСКВА (АА) - Најмалку четворица руски војници загинаа, а двајца се повредени во бомбашки напад врз воен конвој во провинцијата Хомс во западна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Руската Федерација изјави дека нападот се случил на 16. февруари.
Во соопштението се вели дека загинатите руски војници биле во конвојот на сириската армија, кој се движел од воздухопловната база Тијас кон градот Хомс.
Русија го поддржува режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а руското воено присуство во Сирија е постојано од септември 2015 година.
Руските сили ги поддржуваат силите на Асад главно преку воздушни напади врз позициите на опозицијата.