Bedrudin Brlyavac
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
САРАЕВО (АА) - Истражувачите за човекови права на ОН велат дека силувањето во Јужен Судан e еден од методите на етничко чистење во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Група истражувачи на ОН предупредија дека сексуалното насилство во африканската земја достигна опасни размери.
Истражувањето на ОН покажа дека 70 отсто од жените во Јуба доживеале сексуален напад од декември 2013 година, односно од почетокот на граѓанската војна во Јужен Судан.
Овие податоци беа објавени откако истражувачите на ОН оваа недела ја завршија својата десетдневна посета на таа земја.
Истражувачите, наводно ќе побараат истрага за да се соберат докази за силување, поради можноста за поведување на кривична постапка.
ОН претходно оваа година, предупреди дека постои ризик граѓанската војна во Јужен Судан да се претвори во геноцид.