Rahmi Gündüz
03 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
ПАРИЗ (AA) - Вооружено лице во петок вечерта се обиде да изврши грабеж на туристичка агенција во Париз, иако многу француски медиуми пишуваа дека се работи за заложничка криза Anadolu Agency (AA).
Полицијата интервенираше веднаш по дојавата за заложничката криза,но на крајот се испостави дека се работи за обид за грабеж.
Од Кабинетот на гувернерот подоцна соопштија дека лицето, како што се наведува, не ја остварило својата цел, но дека по обидот за грабеж, на крајот успеа да избега.
Се додава дека е покрената опсежна акција за да осумниченото лице биде уапсено.
Бројни француски медиуми претходно известија дека вооруженото лице земало седум заложници.
Од Кабинетот на гувернерот соопштија дека вработените во туристичката агенција сепак не се земени како заложници.