Halit Süleyman,Mohamad Misto,Selen Temizer
02 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Директорот на цивилната одбрана на Алепо, Амар Есалмо, во врска со ситуацијата во Алепо, каде што илјадници цивили се цел на силните напади на режимот на Асад и неговите поддржувачи изјави: „Цивилите бегаат од населба во населба. Луѓето што ги спасуваме денеска, умираат другиот ден“, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжуваат воздушните и копнените напади врз цивилното население во источниот дел на градот, кои започнаа на 15 ноември, од страна на режимот на Асад и неговите поддржувачи.
Поради уништувањето на поголемиот дел од телефонските врски од страна на режимот на Асад, комуникацијата во градот функционира само преку интернет.
Директорот на цивилната одбрана на Алепо, Амар Есалмо, во изјавата за АА преку интернет зборуваше за ситуацијата во која се наоѓаат цивилите.
Есалмо истакна дека во Алепо се случува голема, незамислена трагедија:
„Илјадници згради, инфраструктура, болници и центри за цивилна одбрана се под артилериски, минофрлачки оган. Луѓето што ги спасуваме денеска, умираат другиот ден. Во последните два напада, целосно беа уништени два центри на цивилната одбрана. Сите екипи се уништени. Режимот и Русија развиват нови методи за убивање на цивилите. Ги оставаат луѓето без елементарните потреби како електрична енергија и вода. Не се виновни само режимот, Иран и Русија. За ова е виновна целата меѓународна заедница. Овдешните луѓе избираат меѓу селењето, гладот и смртта“.
Во источнот дел на Алепо, 300 илјади цивили веќе 3 месеци се под опсада. Во последните 17 дена, повеќе од 750 лица го загубија животот и близу 2 илјади и 500 се повредени. Сите болници и училишта во градот се затворени. Илјадници цивили се селат во населбите што се релативно побезбедни.