Selçuk Acar
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) – САД достави предлог-план до Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со испраќањето на уште 4 илјади полицајци и војници на мировните сили во Јужен Судан, јавува Anadolu Agency (АА).
Според предлог-планот што го достави САД до Советот за безбедност на Обединетите нации, ќе бидат испратени уште 4 илјади полицајци и војници со кои ќе бидат зајакнати мировните сили во главниот град на Јужен Судан, Џуба.
Во предлогот стои дека Советот за безбедност на Обединетите нации ќе обезбеди регионална заштита за сигурност во државата и ќе дозволи „употреба на сите потребни средства“. Во случај ако предлог-планот биде спречуван од власта, тогаш за Јужен Судан ќе се бара ембарго за оружје.
Во предлог-планот се бара завојуваните страни во Јужен Судан веднаш да прекинат со огнот и да го применат договорот за мир и за прекин на огнот. Исто така, во предлог-планот е наведен предлогот мисијата на ОН во Јужен Судан, каде што на должност се полицајците и војниците на мировните сили на ОН, да биде продолжена до 15 декември 2016 година. Мисијата требаше да заврши на 12 август 2016 година.
Предлог-планот на САД има за цел да ги зајакне мировните сили формирани од 17 илјади меѓународни полицајци и војници. Мисијата во Јужен Судан постои уште од времето кога започна граѓанската војна, на 16 декември во 2013 година.
Јужен Судан, кој се отцепи од Судан и пред пет години ја прогласи својата независност, а потоа стана 193. член на ОН, беше доведен до граѓанска војна кога претседателот Салва Кир Мајартид, на 16 декември 2013 година го разреши од функција својот помошник Риек Мачар и тврдеше дека тој бил приврзаник на обидот за удар.
Во судирите меѓу етичките групи Динка, предводени од Мајардит, и Нуер, предводени од Мачар, десетици илјади луѓе ги загубиле своите животи, повеќе од 2 милиони и двесте илјади луѓе ги напуштиле своите домови и илјадици луѓе биле во опасност од смрт поради глад.
Мисијата на Обединетите нации во Јужен Судан (УНМИСС), поради обидот за државен удар во Јужен Судан во 2013 година и поради судирите што се појавија веднаш по него, обезбедува заштита за речиси 40 илјади лица кои живеат во кампови.