Muhammed Bilal Kenasari
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Елизабет Трудо, изјави: „Каде и да се наоѓаме во светот, борбата против ДАЕШ нè засега сите нас“, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството, Елизабет Трудо, на дневната прес-конференција одговори на прашања кои се однесуваат на Турција.
Трудо, во врска со првата средба лице в лице, по речиси по 9 месеци, на претседателот Реџеп Таип Ердоган со претседателот на Русија, Владимир Путин, во Санкт Петербург, истакна дека Турција е членка на НАТО, пријателска држава и соработник.
Трудо на прашањето во врска со тоа дека тема за дискусијата на средбата би можела да биде и Сирија, одговори: „Каде и да се наоѓаме во светот, борбата против ДАЕШ нè засега сите нас“.
Елизабет рече дека ја слушнала изјавата на претседателот Ердоган, но не додаде друго нешто во врска со средбата.
- „Ја поддржуваме турската Влада“ -
Трудо, во врска со тврдењата дека САД стои зад обидот за државен удар на 15 јули, изјави: „Веќе реагиравме против ова, потполно е смешно. Нема да одговарам на сè што се објавува. Не можам да кажам дали се точни или не. Единствено точно е тоа што ние ги поддржуваме демократски избраната турска Влада и турскиот народ“.
Од друга страна, во врска со фактот што турските власти велат дека се разочарани што ниту еден висок функционер на САД не ја посети Турција по обидот за државен удар, иако ја сметаат Турција како стратешки сојузник, Трудо изјави дека Турција е важен сојузник и пријателска држава.
Трудо избегна да даде информации во врска со посетата на министерот за надворешни работи Џон Кери во Турција.