Mohammad Murad Ahmad Abed,Said İbicioğlu
17 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
ЏУБА (АА) - Според Меѓународниот фонд на ОН за помош на децата во земјите зафатени со војна (УНИЦЕФ), околу 4.500 деца во Јужен Судан се вратени на своите семејства откако со месеци, а некои и со години биле користени како војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на УНИЦЕФ во Јужен Судан, Тимоти Ирвин, за АА изјави дека 4.563 деца им се вратени на семејствата откако во 2013 година биле користени за воени цели на различни завојувани страни во Јужен Судан.
Поради граѓанската војна во таа земја, децата од 2013 година се одвојуваат од своите семејства, и завојуваните страни ги користат како војници. Ирвин не зборуваше за деталите во врска со пронаоѓањето на децата, како ни за нивната повторна средба со родителите.
Според соопштението на УНИЦЕФ, за учество во судирите биле регрутирани 16.000 деца, а од тој број смртно страдале 1.200.
Ирвин истакна дека поради граѓанската војна, околу милион деца морале да ги напуштат своите домови.
Во граѓанската војна во Јужен Судан од 2013 до 2015 година загинаа околу 50.000 лица, а раселени се повеќе од 2 милиони.