Mustafa Deveci
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку три деца во Пакистан починаа, а седум се хоспитализирани откако примиле вакцина против мали сипаници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пакистанскиот дневен весник „Dawn“ извести дека инцидентот се случил во градот Навабшах во јужната провинција Синд.
Истиот извор јавува дека кусо време по вакцинацијата починале три деца, а седум деца се примени во болница во исклучително тешка состојба.
Повикувајќи се на изјавата на неименуван лекар, весникот „Dawn“ објави дека оштетените деца примиле вакцина со истечен рок на важење.
Директорот на Заводот за здравство на Навабшах со допис до редакцијата, ги негираше тврдењата за употреба на вакцини со истечен рок, но не откри детали за случајот.
Пакистанската полицијата започна истрага против персоналот на болницата која наводно на децата им давала вакцини со истечен рок на употреба.