Ekipa
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
АНКАРА (АА) - И покрај одлуката на Советот за безбедност на ОН да се воспостави едномесечен хуманитарен прекин на огнот, силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад започнаа операција за преземање на бунтовничката енклава Источна Гута во Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Игнорирајќи ги одлуките на Советот за безбедност, режимските сили на Асад започнаа копнен напад врз Источна Гута, која во изминатите пет години се држеше под целосна опсада.
Во нападите врз Источна Гута, на силите на Асад поддршка од воздух им пружаат руските сили.
Неименувани локални извори јавуваат дека режимските сили синоќа започнаа операција со заземање на стратешки важното подрачје Дума, со што бунтовничката енклава Источна Гута ќе се подели на два дела.
Во првите часови од операцијата, сили на Асад го окупираа подрачјето на Утаја, Бешхабије, Харизма и Хош ал-Давахре. Двата дела од Источна Гута, која е под контрола на сириската опозиција, во моментов ги поврзува коридорот кај Хареста, кој е широк само три километри.
Во екот на судирите и од бунтовничката страна стигнуваат информации дека силите на сириската опозиција им возвратиле на нападите и повторно ја вратиле контролата во некои места.
Локалната цивилна заштита (Бели шлемови) известува дека цивилите во Источна Гута сè уште се цел на разорните воздушни и артилериски напади. Според првичните информации, најмалку пет лица загинале во воздушните напади.
Во нападите кои продолжија и во вечерните часови, во подрачјето на Дума загинаа 27 цивили, додека во подрачјето на Џисрин загинаа 2 цивили. Освен тоа, загинаа и четворица цивили кои беа ранети во претходните напади врз Дума.
Во копнените и воздушните напади што силите на режимот и неговите поддржувачи ги извршија од 19 февруари до 3 март врз Источна Гута којашто е под контрола на опозицијата изнесува 718 цивили.
Во денешните напади загинаа 38 цивили. Вкупниот број на загинати цивили во последните нападите врз Источна Гута во последните две недели изнесува 756.
Источна Гуата е под контрола на сириската опозиција, подрачјето е под целосна опсада од страна на режимските сили речиси шест години. Во последните месеци, силите лојални на режимот ги интензивираа нападите врз населените места, а крај на нападите не донесе ниту тоа што подрачјето на мировниот процес во Астана е прогласено за зона без судири.
Близу 400.000 цивили во Источна Гута се постојана цел на нападите од страна на силите лојални на режимот на Асад, кој не дозволува испорака на хуманитарна помош во подрачјето. Под блокада во Источна Гута има и голем број деца и болни од рак во напредна фаза на рак кои чекаат да бидат евакуирани. Поради глад и недостаток на лекарства, починаа многу бебиња и деца.