Ekipa
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
БЕРЛИН (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Mакрон, го поздрави исходот од гласањето на германската Социјалдемократска партија (СПД) за влез во коалиција со конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Францускиот лидер наведе дека одлуката на СПД е добра вест за Европа.
„Франција и Германија ќе соработуваат во следните недели за да развијат нови иницијативи и да го унапредат европскиот проект“, изјавил Макрон, соопштија од Елисејската палата.
Околу 460 000 членови на Социјалдемократска партија (СПД) гласаа, а две третини го поддржаа повторното создавање на голема коалиција со блокот на германската канцеларка Ангела Меркел.
Со формирање на коалицијата на Германија ќе се добие нова влада на чие чело со ќе дојде Меркел, во четвртиот мандат по ред.
Со ова беше завршена петмесечната политичка криза во Германија, најдолгата во повоената историја на земјата.
Германскиот Парламент треба да заседава следната недела со цел Меркел да биде повторно избрана како канцеларка.