Tufan Aktaş
13 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) за прв пат ја одобри вакцината против вирусот ебола, од која загинаа илјадници луѓе во Африка, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според писменото соопштение на СЗО, вакцината што ја развила американската фармацевтска компанија Мерк, со име Ервебо и ги исполнува стандардите за квалитет и безбедност на Светската здравствена организација (СЗО).
Ервебо, до денес е најбрзата вакцина произведена од страна на СЗО и се очекува со лиценца да биде достапен во средината на 2020 година.
На почетокот на оваа недела вакцината е одобрена од Европската комисија, претходно беше тестирана долго време во Демократска Република Конго, каде што повеќе од 2.000 луѓе починаа поради вирусот.
Вирусот, кој продолжува да одзема животи за првпат се прошири во декември 2013 година во Западна Африка.
Епидемијата се појави и во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне помеѓу 2014-2017 година, заразени се 30,000 луѓе, а повеќе од 11.000 луѓе загинаа.