Alaattin Doğru
07 Мај 2019•Ажурирај: 07 Мај 2019
ДАКАР (АА) – Бројот на смртни случаи во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, која се појави минатата година на крајот на јули, се зголеми на 979, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците од Министерството за здравство на Демократска Република Конго, во епидемијата која се појави во северната провинција Киву, и која се прошири во провинцијата Итури, забележани се 1.572 случаи на хеморагична треска. Откриено е дека 1.506 од овие луѓе го носат вирусот Ебола.
Во епидемијата, 979 лица ги загубија своите животи, додека 439 лица кои беа носители на вирусот, се излекуваа. Во центрите за ебола лекувањето на 88 лица продолжува.
Од хеморагична треска за која не можеше да се потврди дека е предизвикана од вирусот Ебола, своите животи ги загубија 66 лица.
Во регионот, во рамките на кампањата која започна на 8 август 2018 година, беа вакцинирани 111.920 луѓе.
Вирусот Ебола, кој предизвика еден вид хеморагична треска, првпат се појави во 1976 година со две епидемии во Нзара во Судан и Јамбуку во Демократска Република Конго.
Бидејќи епидемијата во Конго започна во село во близина на реката Ебола, беше именувана по реката.
Вирусот Ебола во декември 2013 година се рашири низ Западна Африка. Во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, во периодот 2014 - 2017 година, биле заразени 30.000 луѓе, а повеќе од 11.000 ги загубиле своите животи.