Özcan Yıldırım
18 Октомври 2021•Ажурирај: 19 Октомври 2021
АНКАРА
Турската Фондација „Маариф“ обезбедува образование за над 17.500 студенти преку своите 175 институции во 25 земји во Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со турското Министерство за национално образование, Фондацијата е единствениот субјект на државата овластен да обезбедува образовни услуги во странство.
Фондацијата значително го зголеми бројот на образовни институции во Африка во последните пет години - од 18 во 2016 година на 175 сега.
Покрај тоа, таа раководи со 18 студентски домови на континентот за да ги задоволи потребите за сместување на студентите.
Според Фондацијата, наставата ја следат 45.000 ученици во 378 училишта, еден универзитет и 14 образовни центри во 47 земји низ целиот свет.
Фондацијата е основана на 17 јуни 2016 година, но се движи надвор од својата првобитна мисија за раководење со училиштата чија контрола ја презеде од терористичката организација ФЕТО, организација која е одговорна за обидот за пуч во 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.