Bahtiyar Abdülkerimov
18 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
ТАШКЕНТ
Обединетите нации (ОН) во Узбекистан доставија повеќе од 100 тони хуманитарна помош, што ќе биде испратена во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (UNHCR) соопшти дека хуманитарната помош со товарни авиони во изминатите три дена е доставена на узбекистанскиот аеродром „Тирмиз“ во близина на авганистанската граница.
Во соопштението се наведува дека станува збор за хуманитарна помош која содржи залихи за основните животни потреби.
Пакетите со помош на аеродромот во Тирмиз се претоваруваат во шлеперите со кои ќе бидат транспортирани во авганистанскиот град Мазар-и-Шариф.