Fırat Taşdemir
19 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа двајца терористи на терористичкато организација ПКК во зоната во која се реализираше операцијата „Канџа-Тигар“ во северниот дел на Ирак, известува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се нагласува дека нема да запрат и ќе ја продолжат борбата во таа насока.
Во соопштението се истакнува дека храбрите припадници на Турските вооружени сили продолжуваат со елиминирање на терористичките цели во северниот дел на Ирак.
„Неутрализирани се уште двајца терористи на ПКК кои се наоѓале во зоната каде се реализираше операцијата Канџа-Тигар“, се наведува во соопштението.