Tanju Özkaya
19 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
АНКАРА/БАЛИКЕШИР/ИЗМИР
Турските безбедносни сили денес приведоа најмалку 97 лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во западната област Измир издадоа налози за 158 осомничени како дел од истрагата за инфилтрација на терористичката организација во турските вооружени сили, изјави извор под услов на анонимност поради ограничување за разговор со медиумите.
Изворот рече дека 97 од осомничените, вклучително и војници со активна должност и ученици од воените училишта, се приведени во истовремени операции одржани во 41 област. Продолжуваат напорите за фаќање на преостанатите осомничени лица, се додава.
Одделно, обвинителите во северозападниот дел на Баликесир издадоа налози за 46 осомничени, рече изворот.
Осомничените, вклучително и седум војници со активна должност, полицаец и пет таканаречени цивилни имами, беа обвинети дека дејствувале во нелегална воена организација и ја користеле апликација „БајЛок“ која терористичката организација ја употребува за испраќање на шифрирани пораки.
Анти-терористичката полиција започна истовремена операција на 55 локации низ Турција.
Во меѓувреме, обвинителите во Анкара информираа дека се издадени налози за приведување на 123 осомничени лица кои комуницирале со членовите на терористичката група преку телефонски разговор или биле вклучени во организациски активности.
Во тек е истовремена операција во 16 области за приведување на осомничените.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а ранети беа 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок во Турција преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.