Ramazan Ercan
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ИЗМИР (АА) - Најмалку шест деца загинаа кога гумениот чамец во кој патуваше група авганистански бегалци потона во Егејското Море од турското место Чешме кај Измир до грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (АА).
Турската крајбрежна стража утрово во 02:30 по локално време добила информација дека во водите на Егејското Море на север потонал гумен чамец со бегалците, по што на местото на несреќата биле испратени чамци за спасување.
Нуркачки тим извади од водата безживотни тела на шест деца, вклучувајќи и едно бебе. Дванаесетгодишното момче Махди кое пловеше на провршината од водата, спасувачите го спасија во последен момент кога му се закануваше и смрзнување.
Беа спасени уште четворица бегалци кои имаа елеци па беа предадени да им се даде медицинска помош. Потрагата продолжува по уште две исчезнати лица. Спасувачите по извлекувањето на шестмесечното бебе пробаа преку реанимација на срцето да го спасат, но за жал не успеа.