Eşber Ayaydın
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ИЗМИР (АА) - Пецивото бојоз, кое Сефардите го донесоа од Шпанија во турскиот град Измир, во текот на пет века, стана еден од симболите на градот на брегот на Егејското Море, јавува Aнadolu Agency (AA).
По 1492 година, Сефардите протерани од Шпанија во западниот дел на Турција, поточно во Измир, го донесоа пекарскиот специјалитет балос, која подоцна ќе добие турска верзија под називот бојоз и ќе стане неизбежен елемент на локалната трпеза во секое време од денот и ноќта.
Станува збор за едноставно и пециво со уникатен вкус, кој се прави од тенки кори, а со текот на времето пркарите од Измир го модифицирале со додавање на спанаќ, мед или други состојки, но оригиналниот рецепт и денес е од најдобро продаваните.
Во тек е процесот на патентирање на бојозот како измирско пециво, а претседателот на Комората на пекари во градот, Шукру Еришен, за АА истакна дека станува збор за пециво кое се вкоренило во заедницата и станало симбол на градот.
Бојозот во другите турски градови исклучително ретко се произведува, а и ако се најде на полиците на некои пекарница, гурманите ќе кажат дека е вкусен како во Измир.
Кај народот се задржала и изреката која во слободен превос гласи: не сте ни биле во Измир, ако не сте пробале бојоз".
Близу 3.500 пекарница денеска на повеќе од 10.000 продажни места во Измир продаваат бојоз, а Еришен рече дека станува збор за на око едноставен пекарски производ, кој е традиција во во исхраната на луѓето во Измир веќе 524 години.
„Многу пекари работат цела ноќ и продаваат исклучиво бојоз. Ние немаме проблем со продажбата, колку и да произведеме, но во последно време заработката е малку помала, бидејќи трошоците се зголемија“, рече Еришен.
Пекарот Берин Акар Расули за АА рече дека ја преземал семејната пекара во 1983 година и дека бојозот е единственото нешто што не се менува во традиционалната кујна на Измир.
Расул појасни дека традиционалниот бојоз се подготвува само од брашно, вода, путер и сол, но дека моментално се произведуваат најмалку 13 видови на бојоз со додатоци како што се спанаќот, медот, чоколадото, компирот, сирењето и слично.
Бојоз најдобро е да се служи со турски чај и варени јајца, но не е важно дали станува збор за појадок, ручек или вечера. Истовремено, Турците имаат обичај да излегуваат навечер на чорба, а во Измир ниту чорбата не оди без бојоз.