Ekipa
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ИЗМИР (АА) - Во терористичкиот напад во Измир загинаа еден полицаец и еден вработен во судот, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Измир, Ерол Ајјилдиз, за АА изјави дека во населбата Бајракли, пред зградата на судот, се приближило возило кое полицијата се обидела да го сопре.
Се вели дека во тој момент лицата излегле од возилото и почнале да бегаат.
Гувернерот Ајјилдиз соопшти дека експлодирало возилото-бомба кое го оставиле терористите, а во престрелката која следела, убиени се двајца терористи.
Гувернерот изјави дека во експлозијата ранети се 7 лица, од кои 3 полицајци и 4 цивили и додаде: „Во експлозијата кај Бајракли загинаа 2 лица, еден полицаец и еден вработен во судот”.
Од друга страна, по терористичкиот напад во населбата Бајракли која се случи на Ц влезот од судската зграда, во околината се преземени засилени безбедносни мерки.