Mustafa Yıldırım,Halil Şahin
05 Април 2016•Ажурирај: 06 Април 2016
ИЗМИР (АА) - Турската полиција во градот Измир уапси тројца членови на терористичката организација MLKP-FESK (Комунистичка партија на Марксисти и ленинисти - Вооружени сили на потчинетите), кои се подготвуваа за напад во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, турските полициски единици за борба против тероризмот во Измир, им влегоа во трага на група терористи, инаку членови на FESK, вооружено крило на терористичката организација MLKP.
При полициската акција во една куќа беа уапсени тројца терористи, вклучително и една жена, кои најверојатно се подготвувале за напад во Измир. Во куќата било запленети големи количини експлозив и лажни документи.
Станува збор за луѓе кои се обучени за извршување на терористички напади. Според информациите, терористите имале за цел да извршат напад врз турските безбедносни сили.
Уапсените терористи се пренесени во полициска станица со цел продолжување со криминалистичката обработка.