Mehmet Tosun
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на Главниот одбор на Црвената полумесечина на Турција истакна дека Турција ќе ја продолжи активната борба против тероризмот и во наредниот период, јавува Anadolu Agency (AA).
"Продолжуваме со борбата против тероризмот се додека не стивнат и последните пукотници кон нашата земја и нашиот народ, се додека не биде остранета и последната теротистичка закана", рече Ердоган
Нагласи дека државата силно ги поддржува безбедносните сили во борбата против тероризмот.
"Им порачувам на сите безбедносни сили дека во борбата против тероризмот и терористите, целата држава и народот се со нив до самиот крај", рече Ердоган.
На крајот истакна дека нема, како што рече, да се преговара со оние кои стојат позади терористичките активности.
"Челниците на терористичките организации, и оние кои делуваат под нивно покровителство, од време на време зборуваат дека сакаат преговори, разговори и решенија. Меѓутоа, нема тука што да се преговара и договара, нека знаат добро", истакна турскиот претседател.