Esra Kaymak,Ekip
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Полицијата соопшти дека вчера, под обвинение за промовирање тероризам на социјалните мрежи се притворени 24 лица во повеќе области во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според полицискиот оддел за борба против тероризмот, Кизилтепе во Мардин, седуммина осомничени се притворени вчера, во југоисточната област Мардин, за споделување објави во коишто наводно се величи терористичката организација ПКК.
Други двајца осомничени биле притворени во истиот град, под истото обвинение, но подоцна биле ослободени под судски надзор.
Судскиот извор вели дека еден осомничен бил исто така притворен во турската северозападна област Чанаккале, поради промовирање на ПКК на социјалните мрежи.
Други десет лица биле притворени за истото обвинение во северната област Измир, се дознава од полициски извор, кој за АА зборуваше под услов на анонимност.
Според полицијата, уште четворица осомничени биле исто така приведени во источната област Битлис, поради промовирање на терористичката група ПКК на социјалните мрежи. Во куќите на осомничените биле пронајдени документи поврзани со терористичката мрежа и неколку нерегистрирани огнени оружја.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ.